Како функционира UrbanTaxi

За патници

1

Внесете ја дестинацијата

Отворете ја апликацијата или веб страницата и внесете ја вашата почетна и крајна дестинација. Можете да ја користите и автоматската локација за побрзо искуство.

2

Изберете тип на возење

Изберете помеѓу стандардно возење, или друг тип на услуга. Системот веднаш ќе ви ја прикаже проценетата цена и време на пристигнување.

3

Потврдете ја нарачката

Откако ќе ги внесете сите детали, потврдете ја нарачката. Системот автоматски ќе го пронајде најблискиот возач и ќе ви испрати известување.

4

Следете го вашето возење

Следете го возачот во реално време преку мапата во апликацијата. Ќе добивате информации за локацијата, проценетото време на пристигнување и контакт на возачот.

5

Платете и оценете

По завршување на возењето, платете по ваш избор (готово, картичка или преку паричник). Оценете го возачот и споделете го вашето искуство.

За компании

UrbanTaxi нуди целосно решение за такси компании од сите големини. Со нашата платформа, можете да управувате со вашата флота, возачи, нарачки, плаќања и извештаи од еден централизиран панел. Компаниите добиваат сопствен поддомен, брендиран панел и пристап до напредни функции како AI аналитика, динамички ценовник и интеграции со трети страни.

Заинтересирани сте да работите со нас? Посетете ја страницата за регистрација на компании или контактирајте не на info@urbantaxi.mk.

Преземете ја нашата апликација

Нарачајте такси, следете го возачот и плаќајте безбедно - се од вашето телефонче!